Ексклузивно

КОНЕЧНО !!! Голема акција за заплена на дрва во Скопско


Ај аирлија нека ни е новата година која што започнува со успешна акција за заштита на нашите шуми.
Денеска во близина на Зелениково – скопско, успешно е спроведена голема акција за заплена на бесправно посечено огревно дрво. Станува збор за масовна акција во која учество имаат земено Шумската полиција, СВР Скопје и шумочуварската служба на ЈП “Македонски шуми“ – ПШС “Караџица“. Со оваа акција запленети се помеѓу 70-100 m просторни, што е количина за почит.
Ако по утрото се познава денот можеме да очекуваме дека од оваа година конечно државата ќе свати дека доколку сакаме да се оправи шумарството, ќе треба заштитата да се подигне на едно повисоко ниво.
Сепак за да биде успехот целосен се надевам дека ќе бидат откриени и сторителите, бидејќи само така ќе му се стави крај на овој вид на криминал кој ги уништува нашите шуми и шумарството како индустриска гранка.
Честитки за успешната акција на припадниците на Шумската полиција, СВР Скопје и шумочуварската служба на ПШС “Караџица“ од Скопје и само продолжете така !!!
Голема благодарност за фотографиите до г-дин Стојанче Продановски реонски шумочувар вработен во ПШС “Караџица“.

















No comments