Ексклузивно

ЈП “Македонски шуми“ си доби генерален директор


На денешниот состанок на Управниот одбор, досегашниот ВД директор Зоран Ѓорѓиев е избран за нов генерален директор на ЈП “Македонски шуми“, кој оваа функција ќе ја извршува во следните четири години. Претходно тој беше ВД директор на кое место се наоѓаше од 05.08.2017 година.
Зоран Ѓорѓиев потекнува од угледна шумарска фамилија. Неговиот татко Томе Ѓорѓиев бил претседател на првиот управен одбор на ЈП “Македонски шуми“ и директор на средното шумарско училиште во Кавадарци. 
Зоран Ѓорѓиев е роден на 18.02.1971 во Кавадарци. Оженет и татко на две деца. Основно и средно училиште завршува во Кавадарци. Дипломирал на Шумарскиот факултет на „Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје во 2003 година.
Во ЈП “Македонски шуми“ работи повеќе од 20 години, поточно од 1996 година кога се вработува во подружницата “Бор“ од Кавадарци. Од 2004 до 2006 бил раководител-директор на ЈП “Македонски шуми“ подружница Кавадарци.
Од 2013 година до 2017 година, Ѓорѓиев беше претседател на Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци.
Останува да му го честитаме изборот и да му посакаме успешна работа со надеж дека ќе остави позитивна трага од своето работење. 


No comments