Ексклузивно

Има ли пилот во авионот ? - Во Струмица владее општ хаос со заштитата на шумите !!!


Порталот „Струмица Денес“ објави видео снимено денеска во 16:00 часот во строгиот центар на Струмица каде неколкумина измачуваа коњ, кој влече дрвја на коњска кола. Како што може да се забележи по видеата и фотографиите, тие имаат натоварено дрвја на коњска кола, а коњот кој е прилично помал поради преголемиот товар се измачува и паѓа на асфалтот,
Како што велат очевидците коњот во еден момент паднал и повеќе време лежел на асфалтот а потоа сопствениците успеале да го исправат и што побргу избегале од таму.


Иако многумина во овој случај видоа само измачување на животното, од шумарска гледна точка се наметнува прашањето, дали дрвата се жигосани и снабдени со испратница ?
По се изгледа ова е доказ дека во шумарството владее беззаконие и слободно може да сече кој каде сака и колку сака и при тоа дрвата слободно да ги транспортира пред очите на МВР, шумската полиција и шумочуварската служба на ЈП “Македонски шуми“.




No comments