Ексклузивно

Измамниците со огревно дрво повторно во акција, овојпат измамен постар брачен пар од Скопје


Неспособноста на стопанисувачите со државните шуми во нашата држава да ги снабдуваат граѓаните со огревно дрво, остава простор на пазарот да царуваат шумската мафија и измамниците со огревно дрво. Граѓаните во очај поради речиси невозможноста да се снабдат со дрва за огрев од складовите на јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми по цени гарантирани од Владата на Република Македонија, се приморани да ги пре-платуваат истите тие дрва кои на “чуден“ начин завршуваат во складовите на препродавачите на огревно дрво и не ретко да станат лесен плен за измамниците.
Најнова жртва на измама со огревно дрво е скопјанец, кого го оставиле да чека за да види дрва за огрев и за тоа време отишле кај жена му и ги наплатиле. Во текот на вчерашниот ден, Т.Г. (69) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08.10 часот на бул. „Борис Трајковски” во Скопје од страна на непознат сторител му била извршена измамата.
Дента сторителот влегол во неговиот двор и го прашал Т.Г. дали му треба огревно дрво. Скопјанецот поради неможноста да се снабди со дрва од складот на шумското стопанство, во очај решил да ги земе понудените дрва. Откако се договориле за цената, заедно заминале кај фабриката “Хемтекс,” со цел оштетениот да ги види дрвата кои наводно биле таму. За кратко се разделиле, при што оштетениот Т.Г. останал да чека. За тоа време измамникот отишол кај неговата сопруга и и побарал 13.800 денари за дрвата, со изговор дека го пратил нејзиниот сопруг кој останал кај пазарените дрва. Одкако ги земал парите се изгубил во непознат правец, па сопружниците останале и бвез пари и без дрва.
Од наделжните органи стандардно се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот и по обичај – измамниците најверојатно на волшебен начин ќе поминат неказнето.


No comments